Четири дена пред, можеби, најглавниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година, ракометарките на ЖРК Вардар во четврт-финалето ќе играат со Ѓер. Првиот натпревар од овој двомеч македонскиот шампион го игра на домашен терен в сабота, со почеток од 19 часот, во својот дом СЦ „Јане Садански“.
По тој повод, Андреа Лекиќ, Амандин Лејно, Барбара Лазовиќ, Маја Сокач и Ања Алтхаус на платото пред СЦ „Јане Сандански“ делеа автограми, се сликаа и продаваа билети за натпреварот со Ѓер. Секој што купи билет, доби и дополнителна картичка со попуст од 30 проценти на новата колекција дресови од сите играчи кои се под капата на Сергеј Самсоненко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.