| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордно ниска невработеност во Германија

germanija nevrabotenostНивото на невработеност во Германија падна на 6,4 отсто  во март, објави денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.

Во споредба со февруари невработеноста е намалена за 0,1 процент и сега е најниска во последниве 25 години од реунификацијата на Германија во 1990 година.

Нивото на невработеност  е подобро од предвидувањата на Ројтерс и Блумберг кои што покажуваа дека и во март ќе се задржи нивото на навработеност од 6,5 отсто утврдено во февруари, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според податоците од агенцијата за вработување стапката на невработеност која што го мери односот меѓу невработениte и работното население, бројот на луѓе без работа во сезонски прилагодливите сектори е намален за 15,000 и сега изнесува 2 милиони и 798 илјади. Вкупниот број на невработени е намален за 85,500.

Вообичаено невработеноста се намалува во текот на пролетните месеци  поради топлото време и зголемените побараувања на работна сила во градежништвото но годинава поради овој тренд се почувствувал порано откако во последниот квартал од 2014 година Германија забележа раст од 0,7 %.

Намалување на нивото на невработеност се очекува во 2015 година да продолжи да ја зголемува приватната потрошувачка и да го зајакне растот на најголемата европска економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top