| четврток, 6 декември 2018 |

Болница „Вардар“ пред Кјелце, повредени се Горбок, Чипурин, Дибиров, Брумен и Абутовиќ

Во Вардар е вонредна состојба поради огромните проблеми со повредите на дел од клучлните ракометари пред историскиот двомеч со полскиот првак Кјелце во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

По проблемите на Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ, кои не беа дел од експедицијата на Вардар во Вепсрем на завршниот турнир од СЕХА- лигата, во Унгарија се повредија и Сергеј Горбок, јунакот од осминафиналниот двомеч со Висла Плоцк и неговиот сонародник од Русија, Михаил Чипурин.

Петорката вардарови играчи се надеваат дека ќе бидат подготвени веќе за првиот меч против Кјелце, во Скопје на 11 април, но состојбата со повредите во „црвено-црниот“ табор е загрижувачка.

Вардар атакува на завршниот турнир во ЛШ, стигна на еден чекор до настап на спектаклот во Келн во „Ланксес арена“, а ако успее да го елиминира Кјелце, ќе биде првата машка македонска екипа што би играла на завршниот турнир за титулата во ЛШ. Лани против Фленсбург, скопјани беа многу блиску до подвиг, но испаднаа од Фленсбург поради помалку голови постигнати на гости со израмнет вкупен резултат. Потоа Фленсбург направи чудо и ја освои титулата.

Претходно и Металург двапати играше четврт-финале, но не успеа. Првиот пат токму Кјелце ги елиминираше металурзите, а потоа и Кил беше превисока пречка.

vardar-wisla-4

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top