| четврток, 6 декември 2018 |

Раониќ се намачи со Шарди, другите фаворити експресно во осминафиналето на Ки Бискејн

Милош Раониќ се намачи во дуелот со некогашниот најдобар светски јуниор Жереми Шарди и победи во тај-брејк во решавачкиот трет сет со 7-3 во поени за пласман во осминафиналето на турнирот во Ки Бискејн, на Мајами.

Раониќ лесно го доби првиот сет со 6-1, потоа Шарди возврати со израмнување, откако го доби следниот сет со 7-5, а подобри нерви имаше Канаѓанецот во одлучувачкиот дел од играта и мина понатаму.

Сите останати фаворити, меѓу кои и првиот носител Новак Ѓоковиќ, славеа во два сета.

Резултати: Раониќ – Шарди 6-1, 5-7, 7-6, Ѓоковиќ – Дарцис 6-0, 7-5, Нишикори – Троицки 6-2, 6-2, Долгополов – Белучи 7-5, 6-4, Гофан – Јанович 6-4, 6-3, Ферер – Росол 6-4, 7-5, Симон – Фалја 6-3, 6-4, Иснер – Димитров 7-6, 6-2.

milos-raonic-cropped_12202n8dtmc041jc4gq2k41two

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top