Семејство на кое музиката му е во крвта, а талентот не заобиколил никого. Седумдесеттиот роденден на Виолета Томовска повторно на едно место го собра целото семејство. Покрај фолк-легендата Томовска, на фотографијата се и нејзините најблиски, како и внуките Олгица Христовска и Маја Саздановска, едни од најдобрите гласови во македонската музичка историја.
Ќерките Маја и Невена ѝ приредиле пријатно изненадување и го собрале целото семејство од Битола, а, како што вели Томовска за „Вест“, песната била неизбежна.
– Па ние и сме музикално семејство. Направивме убава журка, сите пеевме – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.