| четврток, 6 декември 2018 |

Виолета Томовска: Од мојата пензија не можам да организирам концерт

Македонската фолк пејчака Виолета Томовска вечерва ќе настапи  во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“  заедно со групата „Фонтана“, со кои ја има дует песната „Битола бабам Битола“, како што е и насловен концертот.

Зад себе има огромен багаж, кариера достојна за почит, но и покрај тоа со години не се најде никој да организира концерт со кој би прославила еден од јубилеите.

-Имам снимено нови песни, но се сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце. Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт – вели Томовска.

извор: 7дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top