| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Го користат Шешељ за да нѐ казнат

Секоја одлука што ќе ја носиме, а таа нема да биде неморална како што се сите политички одлуки на Хашкиот трибунал, ќе има цел само едно ­ зачувување на стабилноста во нашата Србија и ништо повеќе, пишува во авторскиот текст за денешна „Политика“ српскиот премиер Александар Вучиќ, по повод одлуката на Хашкиот трибунал да го врати лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, во Хаг. ­

– Вака или онака, Србија има само една, голема и важна обврска, а тоа е да ја зачува стабилноста, да обезбеди продолжување на економските реформи и почитување на политичките слободи – нагласи Вучиќ. ­

– Пред само неколку месеци, на многумина на кои не им се допадна изборниот резултат, како ни политичката доминација на Српската напредна партија, тргнаа во жестока кампања на ширење страв од враќањето на Шешељ од Хаг – објасни Вучиќ.

Зборуваа, нагласи премиерот, ќе ја напуштиме Владата штом слета на аеродромот. Се чини дека некој негде погрешно се пресметал дека Воислав Шешељ е фактор кој може мене и Владата да нѐ растресе, па, во согласност со тоа, почна да го користи како страшило од кутија. Кога не им се допаѓа тоа што Србија го прави, што има свој став, што нема на копче да воведува санкции, што сака со сите да биде пријател, а не непријател, тие го пуштаат од кутијата: и чекаат ние да се престрашиме.

Кога чекањето ќе им се оддолжи, а ние ќе продолжиме, без страв, да спроведуваме суверена политика, кога само ќе излезам и ќе кажам дека нема да заборавиме, никогаш, ниту една од жртвите на НАТО бомбардирањата, тие го враќаат во кутијата и повторно чекаат ние да умреме од страв, продолжи Вучиќ. ­

– Тука нема ниту право, ниту правда, а, за жал, го нема ни Воислав Шешељ. Има само погрешни обиди да се казни Владата на Србија и нејзината политика – оцени Вучиќ.

„Велам погрешни затоа што одамна отворено кажав дека немам намера да бидам пречка за Србија. Ни на нејзиниот пат кон Европа, ниту во односите со светот. И ако некој мисли дека јас сум пречката, нека тоа само јасно го соопшти, не мора да се служи со евтини трикови“, пишува српскиот премиер во авторискиот текст во „Политика“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top