| четврток, 6 декември 2018 |

Приспивна во Скопје, Македонија – Австралија 0-0

Приспивен меч во Скопје вечерва одиграа македонската фудбалска репрезентација и гостинот од Австралија, а по 90 минути мрежите не се тресеа. Мечот од пријателски карактер и буквално мина во мирна атмосфера, речиси без шанси за час и половина игра.

Македонија играше со комбиниран состав, без неколкумина стандардни репрезентативци, кои беа поразени во петокот од Белорусија во квалификациите за пласман на ЕП во Франција со 1-2.

Тоа влијаеше на посетата на националната арена „Филип втори“ која беше речиси празна. Патем и мечот вечерва беше во тој дух, без шанси, без темпо и динамика, па исходот на крајот без голови е сосема логичен.

За Македонија сега следи долга пауза до јуни кога и гостуваме на селекцијата на Словачка, која е лидер во нашата квалификациска група со максимален учинок од 5 победи и 15 бода и е на сигурен пат кон Франција.

makedonia-belorusija-19

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top