Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито скоро никогаш не говорел за своето здравје, а неговиот здравствен картон бил третиран како најстрога државна тајна. Сепак, единственото нешто што Тито го кажал за неговата здравствена состојба било забележано далечната 1975 година кога во Белиот дворец тој на неколку новинари им открил дека го мачи ишијас.
6 мај 1975 година додека низ Белград кружеле гласини дека Тито е многу болен, тој во друштво на својата сопруга Јованка ги примил новинарите и им признал дека има проблем со ишијасот.
Сега сум подобро. Можам слободно да одам. Слушам дека има се повеќе луѓе кои имаат проблем со ишијасот. Пред неколку дена бев сосема добар и нормално одев. Кога почна да врне, мене ме фати…Толку многу што се плашев дали ќе можам да одам на парадата, рекол Маршалот.
На крајот од средбата со новинарите тој се пошегувал дека е доволно добар да може да испие едно виски без бастумот.
Кога се работи за болести, тој за тоа не сакал многу да зборува и да размислува. За смртта исто така. Сметал дека него тешко може нешто да му се случи и дека се’ може да држи под контрола. Неговата основна болест бил шеќерот, а подолго време и одбивал да прими инсулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


