Објавен е првиот официјален трејлер за најпознатиот таен агент Џејмс Бонд. Актерот Даниел Крег по четврти пат ја презема улогата на шармантен и опасен таен агент во новото продолжение насловено како „Spectre“.
Новото продолжение е поинакво од досегашните бидејќи во него тајниот агент се соочува со демоните од минатото.
Сместен во тунел на неизвесност во врска со позицијата во тајната служба, суптилни наговестувања за игра на двоен агент, силен притисок од минатото, две прекрасни бонд девојки, следење на една енкриптирана порака во потрага на таинствена организација, Spectre, се чини фрли совршена тизер јадица за јавноста.
За режијата се враќа Сем Мендес, а во главните улоги, покрај Крег, ќе се појават и Моника Белучи, Кристоф Волтс, Ралф Фајнс, Леа Сејду и Дејв Баутиста.
Spectre ќе се појави во кино салите на 6-ти ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



