| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров десет гола, Стоилов пет, Манасков четири

Иако руската селекција во најголем дел од средбата ја имаше контролата врз резултатот, сепак нашата репрезентација успеа со многу мака да спечали еден бод

stoleКире Лазаров со десет погодоци, Стојанче Стоилов со пет и Манасков со четири погодоци се најдобрите стрелци во македонскиот состав на денешниот меч против Русија. Заслужни за бодот кој Македонија го прокнижи по реми натпреварот со Русија беа и двајцата чувари на мрежата – Никола Митревски со шест и Борко Ристевски со пет одбрани. Иако руската селекција во најголем дел од средбата ја имаше контролата врз резултатот, сепак нашата репрезентација успеа со многу мака да спечали еден бод, откако Георгиевски во последниот напад го израмни резултатот.

Македонија – Русија  29:29 (13:16)

Македонија: Ристовски (5 одбрани), Митревски (6 одбрани), Манасков 4, Георгиевски 2, Темелков 1, Стоилов 5, К.Лазаров 10, Ф.Лазаров 2, Велко Маркоски 1, НиколаМаркоски, Димовски, Миркуловски 1, Мојсовски 2, Ангеловски 1, Јоновски и Левов.
Седмерци: 3/4 (сите К.Лазаров).
Исклучувања: 6 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top