Во Општина Кисела Вода денеска по 21. пат се доделелени ваучери за новороденчиња. Досега се доделени 934. Ваучерите денеска ги врачи градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.
– Семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество. Секое новородено дете, значи чекор напред во остварување на оваа значајна мисија која стои пред секој од нас. Општина Кисела Вода вложува напори да обезбеди најдобри можни услови за живеење на сите свои жители и искрено се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6.000 денари која денеска ја доделуваме за 40-те новороденчиња, од кои 22 се женски, а 18 машки, ќе излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето – истакна Беличанец-Алексиќ.
Потенцирајќи дека овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, ќе продолжи и во иднинина ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите, воопшто да не се двоумат и да ја поднесат потребната документација за паричната помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



