Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска им додели нови 62 ваучера на семејствата со новороденче од оваа општина, со што бројот на доделени ваучери во вредност од 6.000 денари се искачи на 2.047.
Проектот е дел од програмата за социјалната сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на Општината.
Има цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Ги опфаќа семејствата каде што двата родитела се со живеалиште на територијата на општина Кисела Вода или едниот во случај на самохран родител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.