СВР Штип поднесе кривична пријава против М.В.(73) од Штип, претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци и В.М.(68) од Штип, благајник во истото Здружение, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Во периодот од 2011 до 2014 година, М.В. му овозможил на В.М. да не ги евидентира книговодствено собраните парични средства од пензионери за снабдување со огревно дрво во износ од 7.715.045 денари. Исто така, без донесување одлука од извршен одбор незаконски издавал налози за подмирување на обврски кон добавувачи во износ од 951.944 денари. Потоа, првопријавениот без да спроведе постапка за јавна набавка ангажирал повеќе правни и физички лица за набавка и транспорт на огревно дрво исплаќајќи им 15.315.920 денари, доведувајќи ги истите во привилегирана положба. На овој начин, пријавените му нанеле штета на Здружението во вкупен износ од 8.666.989 денари.
Претходно полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против Г.С.(79), претседател на Здружение на пензионери на Општина Кочани–Кочани, поради злоупотреба на службена положба и овластување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)