| четврток, 6 декември 2018 |

Критиките меѓу Берлин и Атина се во интерес на противниците на Европа

гр

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави за весникот „Ханделсблат“ дека упатувањето на обвинувања меѓу Берлин и Атина е во интерес единствено на противниците на Европа.

Тој говори дури и за „отворено непријателство“ меѓу Грците и Германците.

Критиките меѓу Германија и Грција се интензивираа по доаѓањето на власт во Атина на радикалната левица, кон крајот на јануари.

– Тоа треба да сопре. Едвај тогаш Грција со поддршка на европските партнери, кои имаат интерес од нејзината економската обнова, ќе може да се сосредоточи на спроведувањето ефикасни реформи и политички стратегии, кои го стимулираат растот – додаде министерот.

Атина преговара со кредиторите за да добие нова транша од финансиската помош, од која има потреба за да избегне целосно празнење на државната каса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top