| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во мрак за Часот на планетата Земја (видео)

mksvetlaa

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео со инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“, во кое освен исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија.

Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име.

– Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех. Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македониј

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top