| четврток, 6 декември 2018 |

Патувањето низ Германија ќе ве чини дополнителни 130 евра

пат

Долниот дом на германскиот Бундестаг го усвои контроверзниот закон со којшто од 2016 година се воведува патарина од 130 евра годишно за возачите кои ги користат автопатиштата. Законот е усвоен и покрај тоа што ЕУ испитува дали таквите патарини се дискриминација за возачите од странство.

Секако, Горниот дом на Бундестагот на почетокот на мај, ќе го преиспита овој закон, но нема овластувања да ја спречи неговата имплементација, што значи дека патарините веројатно ќе бидат воведени веќе следната година.

Сите возачи кои ги користат автопатиштата во Германија ќе мораат да плаќаат патарина, како и возачите ос странство, додека на возачите со германски регистарски таблички, патарината ќе им биде вратена со плаќањена помал данок на моторни возила.

Патарините годишно во германската каса ќе носат околу 500 милиони евра, кои според министерот за сообраќај Александар Добринт, ќе се користат за унапредување на сообраќајниците во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top