| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалистите во Франција претрпеа четврт пораз на локалните избори

франција

Инаку локалните избори се одржуваат на две години пред претседателските избори во земјата, пишува МИА.

Десничарската партија Сојуз на народно движење на поранешниот француски претседател Никола Саркози и нејзините сојузници од центарот, обезбедија контрола над 66 департмани од вкупно 101, без морските територии Мартиника и Гвајана, кои не гласаат.

Левицата, која е на власт, победила само во 33 департмани. За департманот Воклуз работите се уште не биле јасни, но засега изгледа дека ниту една партија нема мнозинство.

Според резултатите 25 департмани по изборите преминале од левицата во рацете на десницата. Досега левицата контролираше 61 департмани, а десницата 40.

Националниот фронт на Марин Ле Пен не успеа да освои ниту еден департман, но лидерката на крајната десница го оцени претставувањето на партијата како неверојатен успех, што претставува основа за идни победи.

Локалните избори во Франција се претпоследен тест во пресрет на претседателските избори во 2017 година. Последниот тест се регионалните избори кон крајот на идната година.

Меѓу најсимболичните загуби е преминувањето кон десно на департмантот Корез, кој важи за бастион на претседателот социјалист Франсоа Оланд, како и на департмантот Есон, бастион на премиерот Мануел Валс.

Премиерот на Франција ја призна неприкосновената победа на републиканската десница, истакнувајќи дека таа се должи на поделеноста во редовите на левицата. Валс изрази жалење, дека Националниот фронт се претставил многу добро на изборите.

Изборната активност во вториот круг на локалните избори во Франција изнесуваше 50,01 процент. На изборите право на глас имаа 40 милиони Французи.

Тоа е четврт по ред пораз на социјалистите во рамките на една година, по неуспехот на општинските, на европските и на сенаторските избори минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top