Ниту еден ракометар на Вардар не се најде во идеалниот тим на завршниот турнир на СЕХА-лигата што се одигра во Унгарија. Веспрем ја освои титулата, а Вардар заврши на четвртата позиција.
Во идеалниот тим има тројца ракометари од тимот на домаќинот, на Веспрем, двајца се од Мешков Брест и по еден има од Загреб и од Татран Прешов. Најкорисен играч на турнирот е Чема Родригез од Вепсрем.
Еве го идеалниот состав: Миклер (Веспрем, голман), Антл (Татран Прешов, лево крило), Обрановиќ (Загреб, лев бек), Стојковиќ (Мешков, пикер), Никуленков (Мешков, среден бек), Наѓ (Веспрем, десен бек), Маргуч (Веспрем, десно крило).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



