| четврток, 6 декември 2018 |

Цветковски: Дамјановски со општински пари го исплaќаше долгот на кумашинот

Интервју со Ви­ктор Цве­тков­ски, не­за­ви­сен кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник на Ку­ма­но­во, објавено во 21-от број на неделникот „Република“ (25 јануари 2013)

Viktor-Cvetkovski-2

Со Цветковски разговаравме за внатрепартиските состојби во СДСМ, за неговата кандидатура за градоначалник на Куманово и за состојбите во локалната единица.

 

Во јав­но­ста сте поз­нат ка­ко со­вет­ник во Оп­шти­на Ку­ма­но­во, ка­ко иск­лу­чен член на СДСМ и ка­ко не­за­ви­сен кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за Вас?
Цветковски: Јас сум, пред сè, се­ме­ен чо­век, кој ве­ру­ва во се­меј­ни­те вред­но­сти и во бор­ба­та за по­до­бра ид­ни­на на сво­и­те де­ца и чо­век со бо­га­то по­ли­тич­ко искус­тво. По­се­ри­оз­ни­от ан­гаж­ман во по­ли­ти­ка­та го поч­нав во 2000 го­ди­на, ка­ко член на Со­ве­тот на Оп­шти­на Ку­ма­но­во, а во пар­ти­ја­та по­на­та­му ги по­ми­нав ре­чи­си си­те сте­пе­ни на дејс­тву­ва­ње (член на оп­штин­ски, ре­ги­о­нал­ни и на цен­трал­ни шта­бо­ви), член на ЦО и на ИО, пре­тсе­да­тел на ОО СДСМ, а ка­ко чо­век со искус­тво и до­вер­ба ми беа до­ве­ре­ни и „чу­ва­ри на по­бе­да­та“ на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2011 го­ди­на. На про­фе­си­о­на­лен план, во пер­и­о­дот од 2004 го­ди­на до сеп­тем­ври 2006 го­ди­на бев ди­ре­ктор на Упра­ва за из­вр­шу­ва­ње санк­ции и др­жа­вен се­кре­тар на Ми­ни­стерс­тво за прав­да. По из­бо­ри­те во 2006 го­ди­на, ко­га СДСМ ја за­гу­би вла­ста, се вра­тив во Ку­ма­но­во и по­втор­но дејс­тву­вам на по­ли­тич­ка­та сце­на на ло­кал­но ни­во. Да, се­га сум член на Со­ве­тот на Оп­шти­на Ку­ма­но­во (а, стиг­нав ре­чи­си до пре­тсе­да­тел на Со­ве­тот) и се­ри­о­зен не­за­ви­сен кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник на прет­стој­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри. Ко­га ве­лам се­ри­о­зен, сме­там на мо­е­то по­ли­тич­ко и про­фе­си­о­нал­но искус­тво што го имам здо­би­е­но во овие из­ми­на­ти го­ди­ни, а ту­ка е и мо­е­то го­ле­мо поз­на­ва­ње на ма­те­ри­ја­та за ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва и про­це­сот на де­цен­тра­ли­за­ци­ја. Мо­и­те со­гра­ѓа­ни и при­вр­за­ни­ци ме поз­на­ва­ат ка­ко про­фе­си­о­на­лец, кој по­стиг­ну­ва ре­зул­та­ти во ра­бо­та­та, чо­век со ре­форм­ски дух и ини­ци­ја­тив­ност, но, пред сѐ чо­век што е искрен , че­сен и од­го­во­рен, чо­век што умее да слу­ша и да при­фа­ќа ста­во­ви раз­лич­ни од сво­и­те.

Вие бе­вте про­тив кан­ди­да­ту­ра­та на Зо­ран Дам­ја­нов­ски за трет ман­дат и тоа се спом­ну­ва­ше ка­ко при­чи­на што сте иск­лу­че­ни од СДСМ. Но, си­гур­но има­ло и плус не­до­раз­би­ра­ња за да пар­ти­ја­та да до­не­се та­ква од­лу­ка и до­кол­ку има­ло кои се тие?
ЦветковскиЈас и Дам­ја­нов­ски и во 2009 го­ди­на бев­ме во вна­тре­пар­ти­ска­та тр­ка за гра­до­на­чал­ник. И то­гаш се во­дев од ра­ци­о­нал­ни­от и од­го­во­рен при­стап. Бев ре­а­лен во сог­ле­ду­ва­ње­то на фа­ктич­ка­та со­стој­ба, ја по­чи­ту­вав по­зи­ци­ја­та и ста­вот на цен­трал­но­то пар­ти­ско ра­ко­водс­тво и не се спро­тив­ста­вив на од­лу­ка­та, ту­ку цвр­сто ја под­др­жав, иа­ко и то­гаш по­го­ле­ми­от дел од членс­тво­то сме­та­ше де­ка Зо­ран Дам­ја­нов­ски не тре­ба да би­де кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник, по­себ­но по­ра­ди не­го­ви­от од­нос кон пар­ти­ја­та и членс­тво­то. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка то­гаш тој не бе­ше член на СДСМ (се за­мрз­ну­ва­ше – па се од­мрз­ну­ва­ше). И по по­бе­да­та 2009 го­ди­на Дам­ја­нов­ски не го сме­ни сво­јот од­нос кон членс­тво­то. На­про­тив, тој поч­на со ек­стрем­ни при­ти­со­ци ка­де што од­маз­до­љу­би­во­ста и ре­ван­шиз­мот му беа глав­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки кон лу­ѓе­то што раз­мис­лу­ваа и дејс­тву­ваа по­и­на­ку од не­го.

Исто­вре­ме­но, Дам­ја­нов­ски сè по­мал­ку ги ре­а­ли­зи­ра ве­те­ни­те про­е­кти во де­лот на ин­фра­стру­кту­ра­та, не ре­а­ли­зи­ра ни­ту еден ка­пи­та­лен об­јект (во вто­ри­от ман­дат), не­од­го­вор­но­то ме­на­џи­ра­ње на јав­ни­те прет­при­ја­ти­ја ста­на по­вид­ли­во и по­и­зра­зе­но, а оп­штин­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја ста­на си­но­ним за не­про­фе­си­о­нал­ност и за раз­уз­да­ност.

И во та­ква си­ту­а­ци­ја ко­га гле­да­те де­ка пр­ви­те лу­ѓе на пар­ти­ја­та не се искре­ни ме­ѓу се­бе, пр­во тие што ја има­ат од­го­вор­но­ста не се ед­на­кво тре­ти­ра­ни, не ви пре­о­ста­ну­ва ни­што дру­го освен да се изо­ста­ви­те од не­што во кое не­ма­те вли­ја­ние за да не би­де­те со­у­чес­ник во до­не­су­ва­ње по­греш­ни од­лу­ки, со под­др­шка на по­греш­ни ка­дри, без ни мал­ку од­го­вор­ност во се­бе. По­ра­ди тоа под­не­сов оста­вка.

Viktor-Cvetkovski-1

Прем­но­гу сте вни­ма­те­лен ко­га го­во­ри­те за опо­нен­ти­те, осо­бе­но за со­пар­тиј­ци­те, што е чуд­но за на­ша­та по­ли­тич­ка сце­на. Што мис­ли­те, ќе ус­пе­е­те ли со кул­тур­на кам­па­ња во гра­до­на­чал­нич­ка­та тр­ка?
ЦветковскиТоч­но, мно­гу сум вни­ма­те­лен. Сме­там де­ка во по­ли­ти­ка­та вре­ме­то на праз­ни про­па­ганд­ни ве­ту­ва­ња е ми­на­то и де­ка гра­ѓан­ска­та кул­ту­ра е на мно­гу по­ви­со­ко ни­во, та­ка што таа по­ли­ти­ка ве­ќе не по­ми­ну­ва. Праз­ни­те збо­ро­ви мно­гу лес­но се пре­поз­на­ва­ат од на­ро­дот, кој, на­ви­сти­на, е умо­рен од се­то ова што се слу­чу­ва.

Ако, на­ви­сти­на, не про­ме­ни­ме не­што, тоа ќе би­де по­губ­но за си­те нас и сме­там де­ка проб­ле­мот е во си­сте­мот, но, да не за­бо­ра­ви­ме, си­сте­мот го пра­ват лу­ѓе­то и тој тре­ба да би­де про­ме­нет од нив. Во мно­гу на­вра­ти сум бил во си­ту­а­ци­ја да ди­ску­ти­рам за Ма­ке­до­ни­ја со прет­став­ни­ци од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, кои ве­лат де­ка мно­гу мал­ку ни не­до­сти­га за да го по­стиг­не­ме ви­стин­ски­от раз­вој, но зна­е­те кој е на­ши­от проб­лем – „ по­греш­ни лу­ѓе на по­греш­ни ме­ста“, кои до­се­га го за­пи­раа на­ши­от раз­вој. Да, ве­ру­вам во тоа и за­тоа мо­и­те за­ла­га­ња се да го сме­ни­ме тоа би­деј­ќи бро­јот на исто­мис­ле­ни­ци­те (ме­ѓу кои се вбро­ју­ва­ат и мои по­ра­неш­ни со­о­пар­тиј­ци и опо­нен­ти) се­кој ден е сè по­го­лем и по­го­лем.

А, тоа ме охра­бру­ва и ме ис­пол­ну­ва со оп­ти­ми­зам би­деј­ќи под­др­шка­та што ја до­би­вам е го­ле­ма, а тоа ќе би­де го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње по ло­кал­ни­те из­бо­ри ко­га ќе из­во­ју­ва­ме по­бе­да и мис­лам де­ка тоа ќе прет­ста­ву­ва ед­но но­во дви­же­ње во на­ша­та др­жа­ва, кое, ко­неч­но, ќе пре­диз­ви­ка про­ме­на во мис­ле­ње­то де­ка мно­гу ра­бо­ти на на­ша­та по­ли­тич­ка сце­на поч­ну­ва­ат да се ме­ну­ва­ат. Ве­ру­вај­те, во де­неш­но вре­ме по­ли­ти­ка­та што се спро­ве­ду­ва вне­су­ва страв и по­ни­жу­ва­ње. А, кон­цен­три­ра­на­та моќ на одре­де­ни гру­па­ции е до­не­се­на до точ­ка на ври­е­ње и мис­лам де­ка на 24 март ќе пук­не би­деј­ќи и СДСМ и ВМРО се исти, а гра­ѓа­ни­те ќе го по­твр­дат тоа.

Viktor-Cvetkovski-3Дамјановски поч­на со ек­стрем­ни при­ти­со­ци ка­де што од­маз­до­љу­би­во­ста и ре­ван­шиз­мот му беа глав­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки кон лу­ѓе­то што раз­мис­лу­ваа и дејс­тву­ваа по­и­на­ку од не­го

Ка­ко чо­век што до­бро ги поз­на­ва проб­ле­ми­те во Ва­ша­та ло­кал­на еди­ни­ца и ка­ко со­вет­ник што мо­жел да има увид во ра­бо­те­ње­то на гра­до­на­чал­ни­кот, ќе мо­же­те ли да ка­же­те да­ли па­ри­те на гра­ѓа­ни­те на Ку­ма­но­во се тро­шеа пра­вил­но?
ЦветковскиНе са­кам да шпе­ку­ли­рам за ра­бо­те­ње­то на акту­ел­ни­от гра­до­на­чал­ник и на не­го­ви­те пр­ви со­ра­бот­ни­ци, по­себ­но во де­лот на тро­ше­ње­то на јав­ни­те па­ри, за тоа има ин­сти­ту­ции. Та­ка што се­ко­гаш има­ат за­кон­ска мож­ност тоа да го про­ве­рат, а да­ли и ко­га ќе го на­пра­ват тоа јас не мо­жам да од­го­во­рам на тоа. Јас ов­де мо­жам да на­ве­дам де­ка со Дам­ја­нов­ски по­дол­го вре­ме имав­ме кон­цеп­ту­ал­ни раз­ли­ки во ме­на­џи­ра­ње­то на при­о­ри­те­ти­те. На при­мер, Оп­шти­на­та це­лос­но го пре­зе­де дол­гот на ЈП „Во­до­вод“ кон ЕБРД шти­теј­ќи го ло­шо­то ме­на­џи­ра­ње на не­го­ви­от ку­ма­шин и тие па­ри ди­рект­но се на­ма­лу­ваа од ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции во оп­шти­на­та. Та­ков слу­чај бе­ше и со бу­џет­ски­те до­та­ции во де­лот на пре­воз на уче­ни­ци и во де­лот на ма­те­ри­јал­ни­те и на опе­ра­тив­ни­те тро­шо­ци во сфе­ра­та на обра­зо­ва­ни­е­то, кои по­втор­но беа на­до­ме­сте­ни од ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции на оп­шти­на­та, а за тоа во ни­ту еден мо­мент не беа ис­цр­пе­ни си­те ме­ха­низ­ми кон над­леж­ни­те др­жав­ни ин­сти­ту­ции. Исто та­ка, се су­дрив­ме и за спро­ве­ду­ва­ње на по­стап­ка­та за јав­но-при­ват­но парт­нерс­тво за „Ку­ма­но­во – гас“. Спо­ред ме­не, овој про­цес бе­ше по­ли­тич­ки не­из­др­жан за да се спро­ве­ду­ва во пос­лед­на­та го­ди­на од ман­да­тот, се­пак се ра­бо­ти за ди­стри­бу­ци­ја на енер­гент, и ако го има­ме ве­ќе горч­ли­во­то искус­тво со при­ва­ти­за­ци­ја­та на ЕСМ, за што де­нес це­на­та ја пла­ќа­ат гра­ѓа­ни­те, та­ков при­мер не са­ка­ме и во Ку­ма­но­во. Ов­де не би са­кал да ги на­бро­ју­вам мно­гу­те нес­про­ве­де­ни од­лу­ки до­не­се­ни од Со­ве­тот, кој гра­до­на­чал­ни­кот бе­ше дол­жен да ги спро­ве­де, а се мно­гу бит­ни за гра­ѓа­ни­те на оп­шти­на Ку­ма­но­во, а тој ги иг­но­ри­ра­ше.

Ко­га би ста­на­ле гра­до­на­чал­ник што би на­пра­ви­ле во гра­дот, Ва­ша­та ви­зи­ја?
ЦветковскиМо­рам да би­дам искрен со вас, ве­ќе сум фо­ку­си­ран на тоа што ме оче­ку­ва. Дуп­ка­та во бу­џе­тот, ко­ја, ре­ал­но, ја оче­ку­вам од сѐ уште акту­ел­ни­от гра­до­на­чал­ник, во пр­ва­та го­ди­на ќе нѐ за­ба­ви во ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­гра­ма­та, ко­ја е мно­гу ам­би­ци­оз­на од ед­на стра­на, а мно­гу ре­ал­на од дру­га. Про­гра­ма­та е во за­врш­на фа­за, на де­нот ко­га ќе би­де об­ја­ве­но ова ин­терв­ју ќе ор­га­ни­зи­ра­ме рас­пра­ва по по­вод пред­лог-про­гра­ма­та сè со цел да ги ви­зи­ра­ме на­ши­те идеи и за­лож­би ка­ко ре­ал­на по­тре­ба на гра­ѓа­ни­те. Ов­де мо­рам да ка­жам де­ка про­гра­ми­те на си­те кан­ди­да­ти ќе би­дат мно­гу слич­ни. Но, тоа што ќе нѐ на­пра­ви по­и­на­кви ќе би­де поз­на­ва­ње на ма­те­ри­ја­та, при­ста­пот, про­фе­си­о­нал­но­ста, на­до­пол­не­ти со искус­тво, спо­соб­ност, енер­гич­ност и, се­ка­ко, тоа што се­то ова го има­те во ре­чи­си две де­це­нии пом­ла­да лич­ност во од­нос на кан­ди­да­ти­те што тре­ба ве­ќе да нав­ле­гу­ва­ат во мир­на за­врш­ни­ца на сво­јот ра­бо­тен век.

Viktor-Cvetkovski-4

До­кол­ку не ус­пе­е­те да ста­не­те гра­до­на­чал­ник ка­ко не­за­ви­сен кан­ди­дат, да­ли пла­ни­ра­те да фор­ми­ра­те пар­ти­ја или би се вклу­чи­ле во не­ко­ја за ко­ја ќе сме­та­те де­ка Ви од­го­ва­ра на Ва­ша­та со­ци­ја­де­мо­карт­ска иде­о­ло­ги­ја?
ЦветковскиПак ќе по­вто­рам, јас сум убе­ден де­ка ќе ја до­би­јам би­тка­та за гра­до­на­чал­ник. Ов­де ќе наг­ла­су­вам де­ка во овој про­цес се вклу­че­ни мно­гу лу­ѓе од раз­лич­ни по­ли­тич­ки про­ве­ни­ен­ции и про­фе­си­о­нал­ни про­фи­ли, од раз­лич­ни со­ци­јал­ни ка­те­го­рии и на­ци­о­нал­но­сти, од раз­лич­ни во­зра­сти, а си­те нас нѐ обе­ди­ну­ва жел­ба­та да про­ме­ни­ме не­што на по­до­бро, да го сме­ни­ме кур­сот во по­ли­тич­ко­то жи­ве­е­ње, да ја зго­ле­ми­ме од­го­вор­но­ста кон тие што ни ја да­ва­ат до­вер­ба­та и да оста­не­ме дос­лед­ни на прин­ци­пи­те за кои се за­ла­га­ме. Од тие при­чи­ни не раз­мис­лу­ва­ме, ни­ту јас, ни­ту тие што се вклу­че­ни во овој про­цес, за фор­ми­ра­ње пар­ти­ја, уште по­мал­ку за вклу­чу­ва­ње во дру­га. Оста­ну­ва­ме на кур­сот на не­за­вис­на гра­ѓан­ска по­ли­тич­ка оп­ци­ја, ко­ја, пред сѐ, ги обе­ди­ну­ва гра­ѓа­ни­те ка­ко израз на ре­вол­тот од до­се­гаш­но­то две­де­це­ни­ско плу­ра­ли­стич­ко жи­ве­е­ње во РМ. На овие ло­кал­ни из­бо­ри овој про­цес, ова дви­же­ње ќе трг­не од Ку­ма­но­во и ќе би­де при­мер во РМ. Ам­би­ен­тот е со­зре­ан, ка­ко ре­зул­тат на се­дум­го­диш­но­то вла­де­е­ње на Гру­ев­ски во РМ и осум­го­диш­но­то вла­де­е­ње на Дам­ја­нов­ски во Ку­ма­но­во. А, ако за­бе­ле­жа­вте, свес­но не ги спо­ме­ну­вам пар­ти­и­те би­деј­ќи овие двај­ца се по­ста­ви­ја над пар­ти­и­те. Раз­ли­ка­та е во нив­но­то те­ри­то­ри­јал­но­то дејс­тву­ва­ње, а не во на­чи­нот.

СДСМ ка­ко пар­ти­ја се рас­ит­ну­ва. Пар­ти­ја­та е со го­ди­ни во опо­зи­ци­ја, а нај­го­ле­ма ви­на за тоа но­си ли­де­рот Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Што е проб­ле­мот што ни­кој од истак­на­ти­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти или не­кој од тие што се не­поз­на­ти за по­ши­ро­ка­та јав­ност не по­ка­жу­ва ам­би­ци­ја да го сме­ни?
ЦветковскиНа ова пра­ша­ње е не­из­беж­на кра­тка хро­но­ло­ги­ја. Првo во 2009 го­ди­на вра­ќа­ње­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и то­гаш и се­га, твр­дам, бе­ше не­ми­нов­ност во про­це­сот на обе­ди­ну­ва­ње и на кон­со­ли­ди­ра­ње на пар­ти­ја­та.Тој бе­ше лич­но­ста за ко­ја си­те сме­тав­ме де­ка е авто­ри­те­тот и му­дре­цот, (со ог­лед на не­го­во­то искус­тво), кој ќе ја вра­ти пар­ти­ја­та на по­зи­ци­ја на власт. Но, пр­ви­от ка­мен на соп­ну­ва­ње беа пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 2011 го­ди­на, ко­га бе­ше ис­пу­ште­на шан­са­та, дек­ла­ра­тив­на­та за­лож­ба за нов лик на СДСМ, да ста­не ре­ал­ност. Ме­сто со но­ви ли­ца за кан­ди­да­ти за пра­те­ни­ци се оти­де по­втор­но со кан­ди­да­ти од 2002 го­ди­на и од 2006 го­ди­на. Мис­лам де­ка не зас­лу­жу­ва­ат да ги спо­ме­нам, ги зна­е­ме си­те, а не се да­де мож­ност на еден си­лен ка­дров­ски по­тен­ци­јал со Ви­ктор Ди­мов­ски, Да­не Та­лев­ски, Јо­во Дес­по­тов­ски, Дра­ган Тев­дов­ски, Ре­на­та Тре­не­ска – Де­ско­ска и мно­гу дру­ги, да не ми за­бе­ле­жат што не­ма да ги спо­ме­нам. Вто­ри­от ка­мен беа ло­кал­ни­те из­бо­ри со ка­дри, кои, ге­не­рал­но, мо­же да се ста­ват во не­кол­ку кри­тич­ни ка­те­го­рии. Пр­ва­та, лу­ѓе со трет ман­дат, што тре­ба да би­де иск­лу­чок, а не пра­ви­ло ако се зе­ме пред­вид де­ка во РМ пра­кти­ка­та по­ка­жа де­ка трет ман­дат не по­ми­ну­ва (а ту­ка сме­там де­ка и ВМРО-ДПМНЕ ја на­пра­ви иста­та гре­шка) вто­ра­та, што се кан­ди­ди­раа кан­ди­да­ти што ве­ќе ед­наш ги за­гу­би­ле из­бо­ри­те (ка­ко дру­ги да не­ма), и тре­та­та, ка­дри што се из­би­раа по бли­зи­на со врв­но­то ра­ко­водс­тво, а не врз ос­но­ва на под­др­шка­та на членс­тво­то. За си­те овие ка­те­го­рии ва­жи еден клу­чен проб­лем. Си­те тие беа тур­ка­ни на „му­ску­ли“ од цен­тра­ла­та иа­ко има­ше остри ре­ак­ции на ло­кал­ни­те ра­ко­водс­тва. Јас, искре­но, на СДСМ му по­са­ку­вам што по­ско­ро да се кон­со­ли­ди­ра и да ги над­ми­не овие проб­ле­ми. Сме­там де­ка тоа во овој мо­мент ни е по­себ­но по­треб­но по­ра­ди раз­во­јот на де­мо­кра­ти­ја­та во РМ. По­ра­ди тоа про­гре­сив­ни­те си­ли мо­ра да надв­ла­де­ат над тес­ни­те ин­те­ре­си на по­е­дин­ци.

Обра­ќа­ње до Цр­вен­ков­ски

И за крај доз­во­ле­те ди­рект­но да се обра­там до гос­по­ди­нот Цр­вен­ков­ски и до цен­трал­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ:

Лес­но е да об­ви­ни­те не­ко­го и да го на­ре­че­те пре­дав­ник са­мо за да ја оправ­да­те од­лу­ка­та што сте ја до­не­ле за не­го­во­то иск­лу­чу­ва­ње. Но зо­што не се бо­ре­вте да ги за­др­жи­те та­кви­те, кои, искре­но, се оби­ду­ваа да ви по­мог­нат да до­не­се­те пра­вил­ни од­лу­ки и не се оби­до­вте ни мал­ку да ја пре­поз­на­е­те нив­на­та искре­ност и до­бри на­ме­ри, а ги жр­тву­ва­вте по­ра­ди тие што во кон­ти­ну­и­тет ге­не­ри­ра­ат конф­ли­кти и во пар­ти­ја­та и по­ши­ро­ко.

Не мо­же да ги во­ди­те тие што ве сле­дат, ако не ве до­жи­ве­ат ка­ко искрен. Ако на ми­тин­зи­те го­во­ри­те де­ка за кри­ми­нал ќе од­зе­ма­те функ­ци­ја ама и ра­ка­та ќе му ја исе­че­те, не че­кај­те да дој­де­те на власт, на­пра­ве­те го тоа за да дој­де­те на власт. Има­те та­ква мож­ност, ина­ку сте со­у­чес­ник. Тре­ба да ве до­жи­ве­ат де­ка сте искрен , а не де­ка не­кој е са­мо то­пов­ско ме­со што ќе го за­ме­ни­те во пр­ва­та мож­ност. За­ме­ни­вте мно­гу, а по­тоа знај­те де­ка сле­ду­ва и са­мо­у­ни­шту­ва­ње.

Разговараше: Ирена Радовановиќ
Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top