| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Цветковски: Асфалт, вода и канал во секој дел од градот

Независниот кандидат за градоначалник и кандидатите за советници од опцијата „Кога ако не сега“, Виктор Цветковски, ветија изградба на неколку клучни улици во кумановската населба „Перо Чичо“, поставување тротоари, како и доизградба на канализација.

– Иако станува збор за една од најстарите приградски наслеби во Куманово, во одредени делови од населбата е потребна доизградба на неколку улици, поставување тротоари и решавање на проблемот со канализациската мрежа. Ние во нашата програма строго се придржуваме до правилото, асфалт, вода и канал во секој дел од градот – изјави Цветковски.

Цветковски вети изградба на локални патишта кои ќе ги поврзат двата дела од населбата, како и изградба на пешачки мостови во месноста Багрем Бања. Цветковски вети отворање пезнионерски клуб и младински центар, како и реновирање на училиштето „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top