Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска треба да седне на обвинителната клупа во кумановскиот суд по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, за објавување на прислушуваните разговори во бомбите.
Со Заев за неовластено снимање и објавување на снимените материјали обвинети се и СДСМ како правно лице и претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски.
Пред судот, Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото кое се товарат.
Адвокатот на тужителот побара од судот обвинетите да се прогласат за виновни и да се казнат затоа што со објавување на прислушуваните разговори на Цветковски му нанале штета на угледот како политичар и адвокат и му предизвикале непријатности во секојдневниот живот, а пред се го прекршиле неговото основно човеково и граѓанско право гарантирано со Уставот.
Адвокатот на Заев и Костовски бараше да се прецизира во тужбата дали ќе одговара СДСМ како правно лице или двајцата обвинети како политичари, Виктор Цветкоски ги тужи Заев и Костовски како и СДСМ за објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска.
Тој поднесе тужба до Специјалното јавно овинителство, но му беше отфрлена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.