| четврток, 6 декември 2018 |

Гратиси за ученици за Македонија- Австралија

fudbal makedonijaЗа пријателскиот, контролен меч на нашата репрезентација против Австралија, кој ќе се игра утревечер на арената „Филип Втори“ во Скопје, Фудбалската федерација на Македонија ќе дели гратис влезници за деца од основните училишта и нивната придружба.

– Бесплатни карти за источна трибина за организирани групи деца и деца до 9-то одделение и нивната придружба. Бројот на карти е ограничен, пишува на фејсбук групата на ФФМ, односно фудбалската репрезентација на Македонија.

Во текстот се дополнува дека Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез на источната трибина (блок 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12) за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории и за сите фудбалери од пионерска, кадетска и младинска конкуренција за натпреварот Македонија – Австралиј“.
Инаку, цените на влезниците кои се во продажба, чинат од 50 до 250 денари во зависност од местото и трибината.

Натпреварот Македонија – Австралија ќе се игра утревечер со почеток од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top