| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестиција од 15 милиони евра и 300 вработувања во Пробиштип – одлуката во финална фаза

invest

Во Пробиштип, каде заедно со локалната самоуправа инвестираме повеќе од 2 милиони евра во тек е изградба на индустриска зона, која ќе биде готова во август оваа година. Зона со која дополнително ќе се зголемат можностите за инвестирање, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на Народниот собир во Штип.

Во оваа зона постојат огромни шанси за нова инвестиција бидејќи во фаза на донесување финална одлука за инвестирање е компанија од автомобилската индустрија и тоа за инвестиција на 15 милиони евра и отворање на 300 работни места. Правиме се што е во наша моќ да ја реализираме и оваа работа и ќе нпрвиме се што е во наша моќ, истакна Груевски.

Конкретни инвестиции и дела, подвлече тој, се од огромно значење за целиот источен регион. – Дела за кои е вложен многу труд и ангажман од Владата и од локалните самоуправи во овој регион, рече меѓу другото Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top