| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите од Боко Харам обезглавија 40 луѓе

boko_haram-650x396Припадниците на екстремистичката група Боко Харам нападнаа неколку градови во Нигерија, упаѓаа во куќи и убија најмалку 40 лица, од кои на некои им ги отсекоа главите со моторна пила, за време на вчерашните претседателски избори во земјата, кои продолжија и денеска.

Најмалку 25 лица се убиени, а над 30 се ранети во селото Буртаи во државата Борно, соопштија локалните власти.

Преживеаните сведоци ги опишаа ужасните сцени на убиствата, изјавувајќи дека напаѓачите палеле куќи и отварале оган кон оние кои се обидувале да побегнат, а на некои од жртвите им ги отсекле главите.

Локалниот политичар Ибрахим Адам, кој успеал да побегне изјави за Си-Ен-Ен дека припадници на Боко Харам ги убивале своите жртви како стока и им ги сечеле главите. Адам додаде дека тие палеле куќи, а постои стравување дека некои од жителите изгореле во куќите.

Најмалку 14 лица се убиени во друг напад на радикалната исламистичка група во градовите Бири и Дуку во државата Гомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top