Британски антиевропски активист се обиде да сними спектакуларно видео како го пали знамето на ЕУ по говор дека “принудната масовна имиграција” го срозува британскиот идентитет. Човекот, кој се верува дека е поврзан со екстремно десничарската група од Болтон, е застанат пред знамето маскиран со калчунка пред знамето кога го држи говорот.
„Европската унија е корумпирана до јадрото“, вели тој. „Таа е тука за да ја земе нашата националност, нашиот идентитет, слободата на говорот и нашиот суверенитет. Таа форсира принудна масовна имиграција што е геноцид врз Британците. Нејзината главна цел е да не избришат нас и нашата земја. Ние не сакаме да учествуваме во тоа. Извадете не надвор сега.“
Извикувајќи: „Оставете ја Британија на Британците! Да живее Британија!“ човекот се обиде да го запали знамето на ЕУ со запалка.
Но, се чини дека заборавил на европската регулатива за заштита од пожари што оневозможи оганот да го зафати знамето. Човекот неколку пати се врти назад кон знамето и се обидува повторно, но знамето останува неоштетено. Макотрпните напори траат две минути, а видео завршува со знамето со подегорен агол.
Видеото беше првично објавено на Фејсбук страницата на Северозападните неверници од Болтон, но беше избришан. Групата се опишува себеси како „гласот на белите националисти“, додавајќи: „Ние ќе се залагаме со секој кој е подготвен да се бори против непријателите на Велика Британија и за правата на нејзините староседелци“.
„Ние сме против исламскиот џихад, Исламската преземање на делови на Велика Британија, милитантна ирски републиканизам, Ционизмот, имиграција, членството во ЕУ, мултикултурализмот, комунизмот и милитантната левица.“
Видеото сепак падна во раце на антифашистичките активисти кои го споделуваат на групата за „Откривање на расизам и нетолеранција“. Видеото, а и човекот, стекнаа брза популарност на островот, како и коментари дека „ова е едукативен рекламен филм за јавната безбедност и европската регулатива против пожарите“, а снимени се и низа пародии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)