| четврток, 6 декември 2018 |

Ноам Чомски: Европа е расистичка дружина

noam comski

„Пристапувањето на Србија во ЕУ во моментов е мошне дубиозен потег. Дури под услов Европа да ве прифати, што во никој случај не е извесно. Знаете, Европа е многу расистички расположена кон идејата во Унијата да влезат Србите, така што тоа воопшто нема да биде едноставно“, вели во интервју за српски „Недељник“ Ноам Чомски, еден од најпознатите мислители во денешно време. Чомски е професор на Институтот МИТ во Њујорк и важи за најцитирана личност во светот.

А, дури и кога би било, истакнува Чомски, тоа не би било вистинскиот потег бидејќи ЕУ во моментов трча кон самоубиство, особено поради економската политика, која ги уништува најсиромашните членки.

„Во споредба со неа, американската финансиска политика изгледа многу прогресивно. Самата идеја на државите да им се наметнуваат мерки за штедење претставува економска катастрофа и сега сме сведоци на резултатите. Секој нормален економист може да го види тоа, а дури и Меѓународниот монетарен фонд го гледа тоа“, вели Чомски.

– Постои шаблон, во кој Западот ја поддржува власта, каква и да е таа, сѐ додека ги исполнува нивните идеи. Ист беше случајот со Милошевиќ во осумдесеттите и во деведесеттите – изјавил Чомски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top