| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Народот не го интересира деструктивноста на Заев, туку новите проекти

vlatko-gorcev-delcevo

Деструктивностите на Зоран Заев нема да решат ниту еден локален или комунален проблем, нема да решат ниту еден државен проблем туку напротив само носат поделби и деструктивност во Македонија, а можат да избркаат и некоја странска инвестиција од земјата. Овие деструктивни прес-конференции на Заев не ги интересираат граѓаните, нив ги интересира секојдневието, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Во врска со големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Штип тој истакна дека очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ е да испратат пораки до граѓаните, оние пораки кои што наидуваат на поддршка, а тоа е дека граѓаните ги интересира секојдневието, решавањето на проблемите, она на што ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ и Зоран Заев е фокусирана.

-Тоа се прашањата поврзани со нови фабрики, нови работни места, зголемување на стандардот, решавање на комуналите проблеми. Јас и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изминативе неколку седници посетивме стотици села и граѓаните ги интересираат асфалтирање, улично осветлување, водоводи, канализации, рече Ѓорчев.

Ѓорчев најави дека на утрешниот собир дека ќе има најава на нови проекти.

-Ние за разлика од СДСМ и Заев сме сконцентрирани на овие пораки, тоа се главните пораки кои што ќе ги упатиме утре, истакна Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top