Легитимниот претседател на Јемен Абд Рабо Мансур Хади ги нарече шиитските бунтовници Хути „марионетите на Иран“ и директно ја обвини Исламската република за хаосот во земјата.
– Сакам да им кажам на марионетите на Иран: Вие го погодивте Јемен со вашата политичка незрелост, изјави претседателот, говорејќи пред лидерите на земјите од Арапска лига, кои учествуваат на самитот во египетското летувалиште Шарл ел Шејк.
Хади додаде дека воената операција, преземена од серија арапски земји, предводена од Саудиска Арабија против бунтовниците Хути во Јемен има цел да ги заштити Јеменците од „агресијата која ги погоди“ и посочи дека таа операција треба да трае се додека „бандата на Хутите не капитулира“.
Тој ги повика своите приврзаници да почнат мирен протест, а од армијата побара да ги заштити државните институции и да ги исполни наредбите на законското раководство на земјата.
Техеран демантира дека ги вооружувал шиитските бунтовници во Јемен, а Хутите исто така демантираат дека се поддржани од Иран
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.