Квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство помеѓу Црна Гора и Русија не се одигра до крај. Беше прекинат во 67.минута.
Пред почетокот на мечот, имаше повеќе инциденти во Подгорица, а полицијата интевенирала на централниот градски плоштад кога руските навивачи се обиделе да го запалат знамето на САД.
Мечот прв пат беше прекинат во првата минута кога голманот на Русија, Игор Акинфеев беше погоден со факел во главата. Акинфеев веднаш бил префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица каде е задржан на опсервација. Од факелот тој останал без дел од косата.
Во 65.минута беше досуден пенал за Русија, голманот Плексиќ го одбрани ударот на Широков, но потоа еден од руските играчи пријави дека бил удрен, по што Ајтекин ги испратил фудбалерите во соблекувалните и го прекинал мечот без можност тој да биде продолжен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)