| четврток, 6 декември 2018 |

Лубиц не се лекувал од депресија

andreasLubicКопилотот Андреас Лубиц, кој најверојатно го предизвика падот на авионот на „Џерман вингс“, не е лекуван од депресија, соопшти Универзитетската болница на Дизелдорфскиот Универзитет.

– Тврдењата дека Андреас Лубиц. бил лекуван од депресија во болницата не се точни, изјави портпаролката на болницата.

Таа не наведе во кое болничко одделение се лекувал копилотот, само истакна дека лекувањето вклучувало одредување на дијагнозата.

Лекувањето на Лубиц почнало во февруари, а неговата последна посета на лекар била на 10 март. Но, според германските закони за лекарска тајна не можат да се обелоденат детали за неговото лекување.

Од болницата наведуваат дека податоците за Лубиц се предадени на Обвинителството во Диселдиорф, каде што живеел. Обвинителството соопшти дека копилотот намерно го урнал авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top