| четврток, 6 декември 2018 |

Симулација на несреќата – што се случило со ербасот на Џерманвингс (видео)

piulotФранцуските експерти што соработуваат со обвинителството што ја води истрагата направиле симулација на тоа што се случувало со авионот ербас А320, кој се урна во вторникот. Ситуацијата била реконструирана во Европскиот симулатор на летање, а изгледот на пилотската кабина е поинаков, бидејќи симулаторот е направен како тој на боинг 737.

Инаку во несреќата загинаа сите патници и членови на екипажот, или 150 луѓе. Леталото на компанијата Џерманвинг се удри во француските Алпи. Според првичните сознанија за несреќата е виновен копилотот Андреас Лубиц, кој наводно намерно го урнал авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top