| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструирана Саат-кулата во Прилеп

сааткула ппМинистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска ја промовираа реконструираната Саат-кула, која е значаен споменик на културата од 19 век и симбол на градот.

Според Канческа-Милевска, реализацијата на овој проект на дело ја потврдува грижата на Министерството за култура и на локалната самоуправа за заштитата и вреднувањето на културно-историското наследство, без разлика во кој период е создавано.

Таа рече дека во наредниот период е планирана поправка на механизмот на часовникот, со што ќе се овозможи Саат-кулата да ја остварува својата функција. Посочи дека и останатите проекти од областа на заштитата на културното наследство кои се реализираат во Прилеп ќе придонесат да се зачува вредното културно наследство кое го поседува овој град.сааткула пп2

Канческа-Милевска и Ристески денеска ја посетија и киносалата во рамки на Центарот за култура, простор кој, според проектот на градоначалникот, комплетно ќе биде реконструиран. Во знак на поддршка на проектот, министерката за култура го предаде и новиот дигитален проектор.

– Основна заложба на Владата на РМ и сааткула пп3Министерството за култура беше, заедно со локалните самоуправи, да ја збогатиме културната понуда во сите градови од нашата држава, граѓаните да имаат можност да ја уживаат кинокултурата, да ги видат најновите светски филмски остварувања, да се запознаат со актуелното македонско и светско филмско творештво – рече Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top