| четврток, 6 декември 2018 |

Копилотот Лубиц имал боледување за денот на авионската несреќа

lubic

Германското Обвинителство соопшти дека вториот пилот на Боингот сопственост на Џерман вингс кој се урна пред три дена, Андреас Лубиц (27) скрил заболување што го имал од својот работодавач.
– Фактот што Лубиц добивал боледување од лекар, укажува првично, дека тој скрил здравствени проблеми од работодавачот и колегите – се вели во изјавата на обвинителот во Дизелдорф.

Не е наведено за какво заболување се работи, но се нагласува дека тој бил под терапија со лекови.

Според него, не се откриени знаци на политички или религиозни мотиви за неговата постапка. Не е најдено ниту проштално писмо од Лубиц, јавија германски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top