| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО- ДПМНЕ: Наумоски ги копира проектите на Митревски за Ѓорче Петров

vmro-sloganАлександар Наумоски, немајќи свои издржани проекти, продолжува да ги копира проектите од програмата на Сокол Митревски за Ѓорче Петров, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференција на Наумоски.

– Што друго му преостанува на Наумовски, со оглед на тоа дека нема своја програма со која би се претставил пред граѓаните на општина Ѓорче Петров. Кога виде дека граѓаните го прочитаа, почна да ветува нереални работи бидејќи е свесен дека ќе ги изгуби изборите, а со тоа нема да има потреба од нивна реализација- се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, се нагласува во реaкцијата, знаат што се вистински и реални проекти и знаат да го препознаат оној што работи за нивно исполнување, а кој им нуди само празни зборови.

Претходно кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од коалицијата „Сојуз за иднина“, предводена од СДСМ, Александар Наумоски, вети дека ќе направи фонд за финансирање на професионалниот спорт.

– Ветувам дека ФК „Македонија Ѓорче Петров“, машкиот и женскиот ракометен клуб „Ѓорче Петров“, како и кошаркарските школи ќе добиваат континуирана финансиска помош за постигнување врвни резултати. За таа цел, ќе почнеме со проект за изградба на нова спортска сала со капацитет од 3.000 седишта – рече Наумоски на прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top