Англиската Премиер лига е направена во овој формат во 1992 година и секоја сезона играчите од ова натпреварување гласаат за идеалниот состав. Аглиските медиуми според тие резултати кој колку пати бил во идеалниот состав на година, направи најдобар тим за последните 23 години.
На голот е легендата на холандската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар кој три пати е избран во иделниот состав на сезоната.
Стоперскиот тандем го сочинуваат повторно играчите на Манчестер, Немања Видиќ и Рио Фердинданд. Видиќ беше избран четири пати додека Рио Фердинанд шест сезони.
На бековски позиции се најдоа Гери Невил и Ешли Кол. Невил истотака шест сезони како неговиот клупски колега од Манчестер, додека Ешли Кол четирипати бил избран во составот на сезоната.
Во средниот ред се легендите Стивен Џерард (седум сезони), Патрик Вјера (шест сезони), Рајан Гигс (шест сезони) и Крстијано Роналдо (четири сезони).
Задолжени за постигнување голови би биле фантастичните напаѓи Алан Ширер и Тјери Анри кои по шест пати биле избрани во најдобриот состав на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


