Висока глоба од 100 илјади евра вкупно им изрече УЕФА на двата фудбалски клуба, Наполи и Трабзонспор, а причината е пожарот што навивачките групи го предизвикаа на „Сан Паоло“ во Неапол.
Мечот од 1/16-финалето во Лига Европа игран во Неапол мина во меѓусебна пресметка на двата навивачки табори, а од фрлањето на запаливи материјали, букнаа и пожари на трибините. УЕФА одлучи да не ги толерира хулиганските постапки на симпатизерите на Наполи и на Трабзон, па драстично ги казни клубовите.
Италијанците ќе платат казна од 60 илјади евра, а Турците ќе останат покуси за 40 илјади евра. Двомечот го доби Наполи, клуб што ќе игра во четвртфиналето против Волфсбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Наполи со минимална победа во Удине, Милан и Торино одиграа без голови
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа



