| четврток, 6 декември 2018 |

Урбана басна: Заjакот го победи папата

Ед­на „гре­шка“ ја за­ин­три­ги­ра јав­но­ста и вне­се го­лем не­мир кај дел на „Па­вел Ша­тев“. Спо­ме­ну­ва­ње­то на име­то на екс­ли­де­рот и ико­на на СДСМ, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, но во ек­стра-не­га­тив­на и ма­ни­пу­ла­тор­ска ко­но­та­ци­ја во и та­ка крај­но ма­ни­пу­ла­тив­ни­те, вон­кон­текст­ни и мон­ти­ра­ни ау­ди­о­при­ка­ски, го отво­ри пра­ша­ње­то за ин­тен­ци­ја­та на слу­ша­те­лот со цр­ве­ни очи. За­ев го ме­сти па­па­та или БЦ по­втор­но му по­ма­га во ди­га­ње­то на реј­тин­гот?

Ср­це­то ју­нач­ко и овој пат не из­др­жа. Во но­ви­от мо­мент соз­да­ден од анар­хи­стич­ки­от за­нес и до­пол­ни­тел­но по­ве­ден од во­а­јер­ска­та еу­фо­ри­ја во пар­ти­ја­та, но­ви­от ли­дер, вле­зен во бун­тов­нич­ки филм, се­ка­ко без при­чи­на, не мо­же­ше а да не удри по сопс­тве­ни­от идол. По­втор­но… Опи­ен во пан­кер­ско-анар­хи­стич­ки­от за­нес на фил­мот „Убиј­те ги сво­и­те идо­ли“ и ури­ва­ње­то на са­мо­за­мис­ле­ни та­буа, ре­жи­ми и ве­тер­ни­ци, нај­вер­ни­от слу­ша­тел на тво­реш­тво­то на кан­та­вто­рот Зо­ран Ве­ру­шев­ски се оси­ли и го чеп­на чо­ве­кот што го соз­да­де, а исто­вре­ме­но и ам­не­сти­ра­ше и не­го и си­нот на спо­ме­на­ти­от автор и тон-мај­стор. По це­на на отво­ра­ње ме­ѓу­пар­ти­ска вој­на, но­во­пе­че­ни­от ли­дер со стаж де­сет­па­ти по­мал од прет­ход­ни­от, ги иско­ри­сти мо­мен­тот и си­ту­а­ци­ја­та. Имај­ќи пред­вид де­ка не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци со не­ве­ро­јат­на лес­но­ти­ја во пре­пи­ска­та на „Скајп“ збо­ру­ваа за пре­диз­ви­ку­ва­ње гра­ѓан­ска вој­на во др­жа­ва­та, би­тка во пар­ти­ја­та би би­ла обич­на сме­шка и ми­кро­ко­ла­те­рал­на ште­та за обез­бе­ду­ва­ње на тро­нот, кој, во­ед­но, га­ран­ти­ра и де­лу­мен иму­ни­тет од за­кон­ски­те ин­стан­ции.

Са­ми­от слу­ша­тел со цр­ве­ни очи не­кол­ку­па­ти јас­но и глас­но ѝ твр­де­ше на јав­но­ста де­ка тој лич­но ги прес­лу­шу­ва си­те раз­го­во­ри. То­гаш, ло­гич­но е да се пра­ша­те ка­ко му се пров­лек­ло ва­кво соч­но пар­че. За не­ко­го не­об­јас­ни­во, но За­ев „слу­чај­но“ во етер пу­шти раз­го­вор во кој чел­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ раз­го­ва­ра­ат за по­ну­да­та на Цр­вен­ков­ски на ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на за „пре­врат“ во Цен­тар и во Кар­пош, т.е. вмров­ци да гла­са­ат за Ан­дреј Пе­тров, про­тив Стев­чо Ја­ки­мов­ски, а сдсмов­ци­те за воз­врат да гла­са­ат за То­до­ро­виќ и да го изи­гра­ат Жер­нов­ски?! И та­ка „бом­ба­та“ по­втор­но пук­на во дво­рот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. То­гаш­ни­от ли­дер, ико­на­та на СДСМ, пре­го­ва­рал за кон­крет­на из­бор­на ме­стен­ка, без бу­гар­ски во­зо­ви и дру­ги ала­тки па­тен­ти­ра­ни во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ток­му од „др­жа­во­твор­на­та“ пар­ти­ја, ко­ја се­га на­го­ле­мо го ур­ни­су­ва ими­џот на иста­та таа др­жа­ва?

analiza133-2-2

Ко­га стра­вот од ана­те­ма из­ну­ду­ва приз­на­ни­ја

Де­ка не­што е гни­ло и опас­но смр­ди во др­жа­ва­та СДСМ по­твр­ди ле­ко­ум­но­то об­јас­ну­ва­ње на пар­ти­ски­от глас­но­го­вор­ни­кот, кој из­ја­ви: „Кон­крет­ни­от раз­го­вор има­ше дел што тре­ба да се об­ја­ви би­деј­ќи се од­не­су­ва на из­бор­ни нeре­гу­лар­но­сти, но и дел што не бе­ше во план да оди, ка­ко тој за Цр­вен­ков­ски, ка­ко и за при­ват­ни ра­бо­ти на дру­ги лу­ѓе. Гре­шка е што на­ши­те не го исек­ле“. И пре­жи­веа, ба­рем та­ка ве­лат во пар­ти­ја­та… Да­ли ме­сте­ње­то из­бо­ри е дел од „при­ват­ни ра­бо­ти на дру­ги лу­ѓе?!“ Та­ка ба­рем твр­ди СДСМ. Ло­ги­ка­та по­втор­но мно­гу отсус­тву­ва. Очиг­лед­но, фа­те­ни во не­бра­но по пре­диз­ви­ка­на­та пар­ти­ска бу­ра, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те не­ма­ле вре­ме ни­ту да смис­лат ло­ги­чен од­го­вор. Стру­мич­ки­от ли­дер, кој и та­ка стои на стак­ле­ни но­зе во скоп­ски­от раз­гра­нок на пар­ти­ја­та, по ди­рект­на­та ата­ка врз не­при­кос­но­ве­ни­от лик на Цр­вен­ков­ски, на­и­шол на стра­шен одек и кон­тра­у­дар. Во си­ту­а­ци­ја ка­ра­кте­ри­стич­на за при­ка­ска­та за лу­ди­от и за збу­не­ти­от, вто­ри­от со од­го­во­рот што тре­ба­ше да би­де „пер­е­ње“ и ва­де­ње од глу­по­ста за сто­ре­ни­от ерес врз па­па­та, ду­ри приз­на и де­ка пар­ти­ја­та на­го­ле­мо го пра­кти­ку­ва „шнај­дер­ски­от“ за­на­ет, па при­тоа на­го­ле­мо се­че, ле­пи, мон­ти­ра, од­зе­ма и до­да­ва. Којз­нае са­мо да­ли кро­ја­чи­те зе­ма­ат иста пла­та ка­ко ко­ле­ги­те во штип­ски­те фа­бри­ки. Те­шко, но во обид за про­шка и за да се ис­пе­рат и оправ­да­ат пред не­из­беж­на­та ана­те­ма од ду­хов­ни­от и све­то­вен ли­дер, кој не е Ње­гош, но има бра­да, го приз­наа и тоа што не тре­ба… Исти­от тој ли­дер ре­че: „на­ро­дот е се­ко­гаш во пра­во, ду­ри и ко­га гре­ши“, а исти­от тој на­род ве­ли: „стра­вот пра­ви чу­да“.

 

analiza133-2-Georgios-Papandreou

Цр­вен­ков­ски не е Па­пан­дреу

По пос­лед­ни­те из­бо­ри во Гр­ци­ја мно­гу­ми­на на СДСМ му ја пред­ви­доа суд­би­на­та на ПАСОК, не тол­ку одам­на вла­де­јач­ка пар­ти­ја, ко­ја се­га со ед­вај не­кој пра­те­ник вле­зе во Пар­ла­мен­тот. Исто­вре­ме­но, та­му има­ше уште еден пре­се­дан. Дол­го­го­диш­ни­от ли­дер на пар­ти­ја­та, Џорџ Па­пан­дреу, чиј­што та­тко Ан­дре­ас е и ос­но­вач на ПАСОК, на­ста­пи со со­се­ма но­ва пар­ти­ја. Не­го­во­то Дви­же­ње на де­мо­крат­ски со­ци­ја­ли­сти не го по­ми­на ни пра­гот за влез во Пар­ла­мен­тот. До­кол­ку исти­от слу­чај го оте­ло­тво­ри­ме во Ма­ке­до­ни­ја, би има­ле мно­гу по­и­на­кви ре­зул­та­ти. Ана­ли­зи­те ве­лат де­ка ако Цр­вен­ков­ски ре­ши да оди на из­бо­ри над­вор од СДСМ, со но­ва пар­ти­ја, тој, нај­ве­ро­јат­но, би осво­ил по­ве­ќе гла­со­ви од ма­тич­на­та ор­га­ни­за­ци­ја. Об­јас­ну­ва­ње­то е јас­но, за нај­го­ле­ми­от дел од членс­тво­то и сим­па­ти­зе­ри­те, ток­му тој е еден и единс­твен, не­при­кос­но­вен но­си­тел и сим­бол на СДСМ. Си­те дру­ги ли­ко­ви се мин­ли­ви и мен­ли­ви…

 

И Езоп се за­мис­ли од си­ла­та на за­ја­кот во бас­на­та

И ста­ри­от, до­бар Езоп би се за­мис­лил ко­га би тре­ба­ло да на­пи­ше по­уч­на бас­на за за­ја­кот што го по­бе­дил па­па­та. Проб­ле­мот би бил во не­воз­мож­но­ста за си­же­то на та­ква при­ка­ска, ко­ја тре­ба да со­др­жи и на­ра­во­у­че­ние?! Се­пак, Езоп пи­шу­вал бас­ни, а не на­уч­но-фан­та­стич­ни де­ла. Ка­ко и да е, на оваа вна­тре­пар­ти­ска би­тка и сце­на­рио би им од­го­ва­ра­ла ед­на не­го­ва бас­на, таа за скор­пи­ја­та и за жа­ба­та. На­ку­со, си­же­то во неа ве­ли де­ка скор­пи­ја­та, ко­неч­но, ре­ши­ла да из­ле­зе од дуп­ка­та и да го ви­ди све­тот, па ше­та­ла и ше­та­ла, сѐ ду­ри не дош­ла до ре­ка, ко­ја ни­ка­ко не мо­же­ла да ја по­ми­не. За­тоа, за по­мош ја за­мо­ли­ла жа­ба­та – да ја пре­фр­ли на грб пре­ку неа. Жа­ба­та се пла­ше­ла од скор­пи­ја­та, но оваа ја убе­ди­ла де­ка не­ма да и на­пра­ви ни­што, де­ка не е лу­да да ја убие ду­ри е во во­да, па две­те да за­ги­нат. За­до­вол­на од оваа ло­ги­ка, жа­ба­та се охра­бри­ла и ја зе­ла на грб. Сре­де ре­ка по­чув­ству­ва­ла убод и за­чу­де­но, уми­рај­ќи ја пра­ша­ла скор­пи­ја­та: „Зо­што?“ – „Не мо­жев по­и­на­ку, тоа ми е во при­ро­да­та“ – рек­ла скор­пи­ја­та и по­то­на­ла со жа­ба­та. По­дел­ба­та на уло­ги­те ме­ѓу по­ра­неш­ни­от и се­гаш­ни­от ли­дер ви ја оста­ва­ме вам. Ина­ку, пр­ви­от, ед­наш го спа­си т.е. або­ли­ци­ра­ше вто­ри­от. Дру­го­то е исто­ри­ја, или пар­ти­ска бас­на…

 

Aleksandar-Pandov-analizaПан­дов: Про­ме­ни во СДСМ до jу­ни 2015 го­ди­на

Иа­ко наг­ла­су­ва де­ка цвр­сто ве­ру­ва де­ка си­те те­ле­фон­ски раз­го­во­ри што ги об­ја­ви За­ев се кре­и­ра­ни и мон­ти­ра­ни, се­пак, до­кол­ку хи­по­те­тич­ки трг­не­ме де­ка раз­го­во­рот за Цр­вен­ков­ски е то­чен, тој во­оп­што не из­не­на­ду­ва, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов.

ПАНДОВ: По­точ­но не са­мо што не ме из­не­на­ду­ва ту­ку ве­ру­вам де­ка За­ев ток­му по­ра­ди тој дел од раз­го­во­рот го има об­ја­ве­но це­ли­от. За­ев, во бу­квал­на смис­ла на збо­рот, е пу­штен низ во­да во це­ли­от слу­чај „Пуч“, ка­ко од Бран­ко, та­ка и од ед­на огром­на гру­па бран­ко­ви­сти. Но, да се по­тсе­ти­ме, пр­ва ра­бо­та што на­пра­ви За­ев од ко­га ста­на пре­тсе­да­тел на СДСМ бе­ше да ги от­стра­ни си­те до­то­гаш­ни поз­на­ти ли­ко­ви во пар­ти­ја­та, а на нив­но ме­сто до­не­се ано­ним­ци. Исто­то тоа го на­пра­ви и по оп­штин­ски­те ор­га­ни­за­ции. Со не­го­ви­от из­бор на кан­ди­да­ти за пра­те­ни­ци, а по­доц­на и из­бра­ни пра­те­ни­ци, За­ев на Бран­ко и на не­го­ви­те им го за­да­де за­врш­ни­от удар за нив­но иско­ре­ну­ва­ње од не­го­ва­та пар­ти­ја!  Си­те тие до еден се­га му се сла­дат ко­га го гле­да­ат ка­ко то­не во кал­та, ду­ри би ре­кол де­ка тие се и не­го­ви­те нај­о­пас­ни про­тив­ни­ци од це­ла­та ар­ми­ја про­тив­ни­ци што си ги нам­но­жи од по­че­то­кот на афе­ра­та.

За­ев це­ла­та афе­ра ја ме­на­џи­ра тол­ку не­ин­те­ли­гент­но, ве­ли Пан­дов, што по­крај не­го­ви­от тра­ди­ци­о­на­лен про­тив­ник Ни­ко­ла Гру­ев­ски и ВМРО, тој во ме­ѓу­вре­ме отво­ри фрон­то­ви про­тив Ам­ди Ба­јрам и Ро­ми­те, Стев­че Ја­ки­мов­ски и ГРОМ, ДУИ, но­ви­на­ри, Мен­дух Та­чи и ДПА, но фа­тал­ни за не­го ќе би­дат ток­му Бран­ко Цр­вен­ков­ски и не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи.

ПАНДОВ: До пред ед­на не­де­ла си­те тие се­деа на­стра­на, но ве­ќе пос­лед­на­та не­де­ла гле­да­ме де­ка сѐ пог­лас­но го­во­рат, ка­ко по­ра­неш­ни функ­ци­о­не­ри, та­ка и но­ви­на­ри и ана­ли­ти­ча­ри, кои тра­ди­ци­о­нал­но му да­ва­ле под­др­шка на СДСМ, про­тив цел овој цир­кус што го при­ре­ду­ва За­ев. Впро­чем, тие го де­лат мис­ле­ње­то со си­те дру­ги, ка­ко и це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност, а тоа е де­ка це­ла оваа ра­шо­мо­ни­ја­да, пред сè, тре­ба да има пра­вен за­вр­шок, ка­ко и де­ка во зад­ни­на на сѐ стои стран­ско вли­ја­ние. Та­ка што јас не би ре­кол де­ка во СДСМ се­га по­стои су­дир на фрак­ции, ту­ку де­ка сме све­до­ци на соз­да­ва­ње на ед­но се­ри­оз­но ја­дро на „ес­де­се­ов­ски“ пар­ти­ски функ­ци­о­не­ри, ин­те­ле­кту­ал­ци и но­ви­на­ри, на кои им е кри­стал­но јас­но де­ка пр­ва ра­бо­та што тре­ба да се на­пра­ви во СДСМ во ин­те­рес на неј­зи­ни­от оп­ста­нок е про­ме­на на За­ев и не­го­во­то ра­ко­водс­тво, „топ­тан“! Твр­дам де­ка нај­доц­на до ју­ни оваа го­ди­на ќе ви­ди­ме комп­лет­на про­ме­на во ра­ко­вод­на­та стру­кту­ра на СДСМ, а со са­мо­то тоа и  вра­ќа­ње на це­ла­та Бран­ко­ва стру­кту­ра во рам­ки­те на пар­ти­ја­та.

Пан­дов ве­ли де­ка, спо­ред прет­ход­ни­те из­ја­ви, во ли­кот на ли­де­рот на СДСМ се на­ѕи­ра иск­лу­чи­тел­но од­маз­до­љу­бив чо­век, кој се­га гле­да да на­пра­ви што по­го­ле­ма ште­та.

ПАНДОВ: Ка­ко што ве­ли на­род­на­та, си не­мал ѓа­во­лот по­па­мет­на ра­бо­та , па поч­нал да си ги ја­де сопс­тве­ни­те де­ца. Та­ка и За­ев. Све­сен де­ка е при­тис­нат в ќош, де­ка ја гу­би зем­ја­та под но­зе, тој во Жер­нов­ски гле­да еден од не­го­ви­те сук­це­со­ри и со не­го­ви­от ма­ло­гра­ѓан­ски при­стап на те­ра­ње по­ли­ти­ка на овој на­чин се на­де­ва де­ка ем ќе го ком­про­ми­ти­ра Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ем ќе го ска­ра со Жер­нов­ски. А би­деј­ќи на си­те им е јас­но де­ка во СДСМ се ста­ну­ва пре­тсе­да­тел са­мо со амин на па­па­та, За­ев мис­ли де­ка со оваа уте­пал две му­ви. Та­ка што мис­лам де­ка и со ова, ка­ко и со се­кое не­го­во јав­но по­ја­ву­ва­ње и да­ва­ње из­ја­ва, овој чо­век сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе то­не во ја­ма­та што сам си ја иско­па. Тоа, пак, што не­ма по­чи­ту­ва­ње кон чо­ве­кот што го на­пра­ви гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца, пре­тсе­да­тел на СДСМ и го або­ли­ци­ра од из­др­жу­ва­ње за­твор­ска каз­на за про­не­ве­ра на 8 ми­ли­о­ни евра во афе­ра­та „Гло­бал“, са­мо до­ка­жу­ва ка­ква ми­ни­ја­ту­ра од чо­век е За­ев.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 133. број на неделникот „Република“, 20.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top