Косовската министерка одговорна за дијалогот со Белград, Едита Тахири, изјави дека е постигнат договор за распуштање на организацијата „Граѓанска заштита“ во северниот дел на Косово.
– Договорот за распуштање на „Граѓанската заштита“ е постигнат меѓу Белград, Приштина и ЕУ – истакна Тахири.
Тоа предвидува членовите на „Граѓанската заштита“ да бидат интегрирани во институциите на Косово. Договорот ќе стапи во сила до 1 септември оваа година.
Граѓанската заштита, вооружени структури составени од Срби во северниот дел на Косово, е дел од т.н. паралелни структури, чиешто укинување е од огромно значање за спроведувањето на Бриселскиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



