| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија во 2014 година откриени се повеќе од 300 шпиони

кгб

Руската контраразузнавачка служба во 2014 година открила активност  на повеќе од 300 странски шпиони, изрази задоволство претседателот Владимир Путин на состанокот со Управата на руските разузнавачки служби (ФСБ), наследничката на поранешната КГБ.

Владимир Путин, и самиот поранешен агент на советскиот КГБ и директор на ФСБ пред да дојде на власт во 1999 година, ја поздрави ефиканоста на своите поранешни колеги, пренесува Фена.

На денешниот состанок Путин предупреди на опасноста од „провокации“ на странските тајни служби пред следните кампањи за општите избори во  2016 година и за претседателските во 2018 година.

-Постојано има странски обиди да се дискредитираат и дестабилизираат властите со помош на невладините организации и политизираните здруженија – рече рускиот претседател и прецизира дека ќе продолжат истрагите против здруженијата што се осомничени дека се „странски агенти“.

Русија во 2012 година усвои закон што невладините организации, финансирани од странство, а кои имаат „политичка активност“,ги обврзува да се регистрираат како „агенти од странство“.

Русија и западните земји заради украинската криза дојдоа до најлошата конфронтација од завршувањето на Студената војна. И на едната и на другата страна се откриени и протерани бројни „шпиони“, што е знак на зголемена напнатост меѓу старите непријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top