Средновековниот англиски крал Ричард Трети, е погребан во Катедралата во Лестер, после 530 години од неговата смрт.
Погребната церемонија и црковната служба во чест на некогашниот крал,ја водеше Надбискупот на Англиканската црква од Кантербери Џастин Велби.
„После повеќе од половина милениум, овој крал, еднаш оставен во гроб без никакви ознаки конечно се погребува со достоинство и со почестите што ги нема добиено во 1485 година ,кога бил убиен„ – беше речено во текот на црковната служба.
Кралот Ричард Трети, еден од најчесто искористените историски личности во драмите на Вилијам Шекспир е убиен во битката кај Босфорт Филд, во завршните операции од триесетгодишната Војна на розите.
Ричард е последниот англиски крал кој загинал на бојното поле.
Погребната цереминија во Лестер ја следеа дестици илјади граѓани, собрани да му дадат последна почит на кралот чие тело не можеше да се најде никаде во Англија. Во 2012 година беше откриено случајно, при едни комунални работи во овој англиски град, под паркинг просторот наспроти супермаркет.
Долгите испитувања на најдените коски и череп, со помош на најсовремената технологија конечно потврдија дека станува збир за посмртните останки на кралот за кого се мислеше дека никогаш нема да се пронајдат.
На погребната цереминија, во име на британската кралска куќа присуствуваше контесата од Весекс, Софи, како и војводата и војводката од Глостер.
Познатиот англиски актер Бенедикт Камбербач кој е далечен потомок на Ричард Трети, читаше специјално напишана поема за средновековниот крал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.