Ремек-делото на познатиот шпански сликар Пабло Пикасо „Жените од Алжир (верзија О) ќе пристигне во Њујорк и ќе се појави на аукција за околу 140 милиони долари. Акционерската куќа „Кристи“ соопшти дека ќе ја понудат сликата на анонимен продавач што би можело да стане најголемата досегашна цена за уметничко дело на аукција.
Сегашниот рекорд беше поставен во септември 2013 кога триптихот на Френсис Бекон „Три студии на Луциан Фројд“ беше продаден за 142,4 милиони долари.
„Жените од Алжир“ на Пикасо е колоритна и динамична слика во која се претставени неколку скудно облечени жени. Таа е дел од 15-те работни серии создадени од влијателниот шпански уметник во периодот помеѓу 1954 година и 1955 година.
Делото ќе биде понудено на аукција со група од дваесетина други поголеми дела од 20 век како дел од самостојна продажба наречена „Гледајќи напред кон минатото“. Од акционерската куќа велат дека колекционерот се стекнал со делото на Пикасо во њујоршката аукциска куќа во 1997 година за 31,9 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Објавила селфи со своите две ќерки, никој не може да познае која е мајката (фото)
-
Слика на Леонардо да Винчи, стара 500 години продадена за рекордни 450 милиони долари
-
Славната слика на Пикасо „Жена што седи во син фустан“ продадена за 45 милиони долари
-
Во такси заборавил слика вредна 1,5 милиони евра



