| четврток, 6 декември 2018 |

Запалено возило на кавадарчанец

Вчера во Полициската станица во Кавадарци, М.Ј.(57) од Кавадарци пријавил дека од страна на непознат сторител на ул. „Страшо Пинџур” било опожарено патничко моторно возило „голф“ со бугарска национална ознака сопственост на Б.Ј.(32) од Кавадарци.

Задните стоп-светла на возилото и во делот на хаубата била истурена непозната запаллива течност, која разбојникот ја запалил, при што настанал пожар, од кој биле изгорени инсталацијата, дел од пластиката кај моторот и други делови.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top