| четврток, 6 декември 2018 |

Две жртви од невремето во Чиле

­ Две лица загинаа во невреме во северниот дел на Чиле, а 24 се водат како исчезнати, соопшти чилеанската влада, која прогласи вонредна состојба.

Во силната бура проследена со поројни дождови најмалку 3.000 луѓе мораа да побараат засолништа во регионот Атакама и чилеанската државна компанија „Коделко“, најголем производител на бакар во светот, која е погодена од невремето.

Според медиумите во Чиле, тоа е најголемо невреме во изминатите 20 години. Речиси 60.000 луѓе се без струја, а 50.000 немаат вода за пиење.

На армијата ѝ е наложено да координира операции за помош и да преземе контрола врз јавниот ред во најзагрозените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top