Кој е бројот кој се крие под колата е загатка што повеќето можат да ја решат за помалку од 20 секунди при уписот во прво одделение, но на возрасните им задава маки. Зошто?
Доктор Дејвид Вајтбреад, професор на Одделот за психологија на Универзитетот во Кембриџ вели дека објаснувањето е едноставно – на младите им е полесно решавањето на загатката затоа што се покреативни.
– Ова е добар пример дека децата се многу пофлексибилни во размислувањето од нивните родители. За жал, кога почнуваат на училиште тоа најчесто се губи, бидејќи најчесто учат напамет, а не им се дава доволно простор за креативно размислување – објаснува др. Вајтбреад за „Индепендент“.
Доколку и вие се мачевте со одговорот, само погледнете ја сликата однопаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


