Беше тоа сосема обичен ден за гробарот во германскиот град Гелзенкирхен. Но, тогаш слушнал шкрипење на ковчегот. Устата му се исушила за еден миг, а неколку минути подоцна лежел на под, без свест. Од ковчегот се појавила главата на 92-годишната старица која го погледнала и прашала „Каде сум?“.
Одговор не добила, но наскоро ѝ нејзе ѝ било јасно дека „станала од мртвите“.
Само неколку часа порано во домот за стари лица ја прогласиле за мртва. Кога работникот не приметил дека не диши, повикал лекар. Тој констатирал дека нема пулс и дека починала. И така, по кратка постапка завршила во мртовечки ковчег, пишуваат светските медиуми.
Кога дошол при свест, гробарот уште еднаш проверил во ковчегот. Таму навистина лежела старицата, но со отворени очи. Повикал брза помош, по што била префрлена во болница, а нејзините најблиски биле инфрормирани дека е уште жива.
Реагирала и локалната полиција, а под истрага се и работникот во домот и лекарот кои дијагностицирале смрт на старицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



