Бојата на жолчката открива многу за кокошката и нејзината здравствана состојба. За жал, повеќето јајца на нашата трпеза не се баш најздрави.
Повеќето носилки цел живот се затворени во кафези во кои нема сонце. Ниту„домашно произведените“ јајца не се гаранција дека се донесени од кокошка која слободно шетала низ дворот.
Доколку сакате да бидете сигурни, погледнете ја жолчката од јајцето.
Повеќето купени јајца имаат жолчка како средната – кревка и светложолта која открива дека исхраната на кокошката е нездрава.
Иако изгледа необично, густата и портокалова е најздравата варијанта.
– Кокошките кои се слободно одгледувани имаат можност да јадат храна со пигмент, а тој пигмент го пренесуваат на жолчката -објаснуваат докторите за хранливоста на јајацето.
Мастите и белковините се исти во речиси сите јајца, но исклучиво темната жолчка е знак дека јајцето е богато со ксантофили и омега3 масни киселини.
Покрај тоа, здравото јајце е богато со бета-каротен, витамини А, Д и Е.
Извор: Magazin.hr/distractify.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози