И покрај тоа што Грција има уште најмногу десетина дена да најде пари да ја плати следната рата од долгот и да избегне банкрот, тоа не беше пречка денеска во Атина на скап настан да продефилираат огромен борј грчки војници и возила во чест на Денот на независноста.
Свеченото дефиле на армиските припадници и техниката – според извори во грчкото министерство за финансии и градот Атина – чини најмалку 2 милиони евра.
Дел од трошоците се дадени за организирање на настанот, за изградба на неколку бини, за телевизискиот пренос, за физичко обезбедување во кое биле вклучени и приватни агенции, за гориво за воената техника и авионите, а тука не се пресметани средствата кои што се изгубени поради сообраќајниот хаос што настанал во главниот град на Грција.
Вкупната индиректна цена на настанот може да дојде и до 4 милионни евра, тврдат извори блиски на опозициската Неа Демократија, која што сега го критикува Ципрас за воената парада, а во свое време правеше уште поскапи дефилеа.
Во знак на протест, на свечената ложа – изградена специјално за странските дипломати – денеска не се појавиле неколку амбасадори од земји важни партнери на Грција во ЕУ и НАТО.
Земјите кои што досега дадоа над 24о милијарди евра сметаат дека на Грција нема да и помогнат популизам и загревање на национални емоции, туку само реформи и кратење на државните трошоци.
Вкупниот долг на Грција се движи околу 370 милијарди евра, а тој наместо да се намалува се зголемува од месец во месец. На почетокот на април Атина треба да плати околу две милијарди евра достасани долгови кон кредиторите, а до крајот на летото таа сума ќе изнесува 6,7 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!