Денеска во кривичниот суд во Скопје се изведуваа доказите на обвинителството во судскиот процес против Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Анѓел Петковски од Ѓорче. Одбраната побара ново невропсихијатриско вештачење, јави „Алфа“.
Како што објави „Алфа“ осум сведоци, вработени во полицијата кои на местото на настанот правеле увид по убиството, соседи на семејството Петковски, ама и таткото на починатото момче се дел од доказите со кои одбраната ќе докажува дека убиството е сторено поради нужна самоодбрана. Денеска во судницата бил покажан стапот со кој таткото на Анѓел, Сашо Петковски, го удирал обвинетиот Насер Ештрефи. За адвокатот на семејството Петковски ножот бил во рацете на Ештрефи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.