| четврток, 6 декември 2018 |

До каде ќе оди агонијата, дрскоста и безобразлукот на платениците на СОРОС (видео)

gelevski

Немој бе барабо една, битанго да лажеш. Некој ме нарекува платеник. Па тој е бараба. Да ти се мочам на министерот… Ова е само дел од речникот на Никола Гелевски, уредникот на „Окно“ во синоќешната емисија 24 Анализа, на ТВ 24 Вести. Низа навреди, ароганција, пцовки, недолични зборови… Новинарот кој ја водеше емисијата во неколку наврти се огради од речникот на Гелевски. Тој во повеќе наврати го молеше Гелевски да се однесува цивилизирано.

Во дебата со аналитичарот Александар Пандов, тој не можеше да го контролира своето однесување, особено во моменти, кога немаше аргументи за да му се спротистави на соговорникот. Најмногу се навреди во делот кога Пандов му посочи дека неговиот портал зема пари од Сорос и дека колумнистот Ивор Мицковски ја прекина соработката со Окно, бидејќи на порталот не му одговараше неговиот став за актуелните работи.

Не е ново перјаниците на СДСМ, контролирани и финансирани од Сорос, да употребуваат навреди, да користат говор на омрза, да повикуваат на линч. Честопати тие се надминуваа себе си, ги преминуваат сите граници на некакво нормално однесување во јавност, како и границите на цивилизирано новинарско/човечко однесување. Во последнп време се почести се ваквите излагања на перијанците на СДСМ, како и претставници од партијата за која тие работат. Тоа е само доказ за агонијата и немоќта во која се наоѓаат и перијанците и партијата чии ставови и интереси ги застапуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top